СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави, препораката на ЕК е во интерес на државата и граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија, се вели на реакцијата на СДСМ.

“Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ особено во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани. За разлика од последните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена, а Македонија карактеризирана како „заробена држава“, овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ”, стои во реакцијата на СДСМ.