СДСМ:Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ

Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето повисоки плати за работниците е одговорност на секој премиер. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во реакцијата на СДСМ по поднесените кривични пријави за поткуп на гласачи од ВМРО-ДПМНЕ против премиерот Зеав.
„Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста? Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќна демократска алатка а гласот на граѓаните е конечен“, велат од СДСМ.