Светска банка со 150 милиони евра ќе ја унапредува инфрструктурата на Балканот


Светска банка денеска најави дека на земјите од Западен Балкан ќе им даде 150 милиони долари за унапредување на ефикасноста на главниот сообраќаен коридор и за ширење на трговските врски.

Цел на Светска банка е да се поедностави процедурата на граничните премини, да се подобри ефикасноста на логистичките услуги и да се примени современа „паметна технологија“ за да се унапреди шпедитерскиот и патничкиот сообраќај и стоката побрзо да стигне до купувачот.

– Граѓаните од Западен Балкан ќе имаат корист од една милијарда долари годишно, изјави главниот извршен директор на Светска банка Кристалина Георгиева.

Како што соопшти Светска Банка, Георгиева во Софија зборуваше на конференција за поголема регионална интеграција на Балканот, чиј домаќин е бугарскиот премиер Бојко Борисов.