Светската поп-ѕвезда во Скопје: Анастејжа со концерт на 15 мај во ВИП Арена

Анестејжа конечно доаѓа во Скопје. На 15 мај, ВИП Арената Борис Трајковски ќе биде една од европските концертни центри преку кои поп-ѕвездата со европската турнеја насловена Evolution, се враќа на музичката сцена. Во Македонија ја носи „Прагма продукција“.

Пејачката што има продадено повеќе од 30 милиони копии на своите албуми, извесен период се повлече од музиката затоа што имаше две животни битки со кои што мораше да се справи. Карциномот не ја заобиколи ниту неа која што денес раскажувајќи за своејата лична борба, помага на милиони луѓе со слични проблеми ширум светот.

По феноменалната Ultimate Collection Tour во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, Анестејжа се одлучи за голем камбек на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен Evolution. Истиот е снимен во Стокхолм и на него како извршен продуцент се потпишува Anders Bagge истиот оној кој што се потпишува и зад албумите на Селин Дион и Мадона.

Влезниците од денес можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се по цена од 1000 денари до 3000 денари.