Свадба од милиони долари: Серена Вилијамс го кажа судбоносното „да“

Гламурозна вечер во Њу Орлеанс. Серена Вилијамс и официјално стапи во брак со еден од основачите на Редит, Алексис Охенијан. Свадбената церемонија, според „Дејли Мејл“, чинела еден милион евра, се одржа во Њу Орлеанс и претставува една од најголемите венчавки во 2017 година. Американските медиуми, пак, пишуваат дека настанот во Центарот за современа уметност бил причина за затворање на цел градски блок.

Меѓу 200. гости и голем број колешки на Серена Вилијамс од ВТА турот како на пример Данката Каролина Возњацки, но и познати фаци од американскиот џет-сет. На забавата присуствуваа и Бијонсе, Ева Лондогорија, Ким Кардашијан и Ана Винтур, главна уредничка на магазинот „Вог“, која претходно потпиша договор со славеничката за ексклузивитет на фотографии.

Серена Вилијамс и Алексис Охенијан во септември станаа родители на Алексис Олимпија.