Свадбата на принцот Хари ги промовира внуците на леди Дијана: Кои се згодните братучеди Кити и Луис?

Англија – Девојките веќе го одбраа новиот миленик од британското кралско семејство. Станува збор за 24-годишниот Луис Спенсер, кој им падна во очи на големата свадба изминатиот викенд, по што стана вистински хит на интернет.

Тој е внук на принцезата Дијана, односно син на брат ѝ Чарлс Спенсер. Toj e четврто дете на грофот и неговата прва сопруга – Викторија. Има четири сестри, а на големата кралска свадба пристигна во придружба на две од нив – Кити и Елиза, како и на мајка си. Виконт Алторп, како што гласи неговата официјална титула, се школувал на Универзитетот во Единбург, а израснал во Кејптаун, Јужна Африка.

Неговата сестра Кити (23) по свадбата е новата модна ѕвезда меѓу британската аристократија. Спенсер, внуката на принцезата Дијана, беше дел од поканетите гости на кралската венчавка. Нејзината убавина и сличност со нејзината тетка, принцезата Дијана, особено привлекоа внимание кај светските медиуми.

Таа беше облечена во рачно насликана тоалета од последната колекција на модната куќа „Долче и Габана“, а со оглед на нејзината долгогодишна соработка со оваа куќа за висока мода, тоа воопшто не е изненадувачки. Нејзиниот софистициран изглед и природната убавина придонесоа да се издвои меѓу присутните и да ги освои модните критичари.

Принцовите Хари и Вилијам останале блиски со семејството на својата мајка и не го кријат своето големо задоволство што тие беа дел од присутните на нивните свадби. Хари во текот на венчавката во црквата дури и остави празно место за леди Дијана.