Сашо Tасевски добил заканувачко писмо

Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски вчера добил заканувачки пораки, за кои пријавил во полиција, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 12.30 часот, С.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него. Откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.