Сашо Тасевски нов директор на БЈБ

Сашо Тасевски најверојатно ќе биде новиот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).  Се очекува одлуката денеска да помине на седница на Владата.
Тасевски во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот, кој извади огнено оружје и пукаше во инцидентите во Собранието на 27 април. Тој доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше разрешен во аферата “МВР Турс”.
Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година работеше кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Посетувал курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.