Бирото за безбедност доби нов шеф

Сашо Тасевски го наследи Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност, одлучи владата на денешната седница. Тасевски се истакна со својата храброст за време на ланските насилства во Собранието, спасувајќи им го животот на пратениците и премиерот Зоран Заев. Веднаш беше награден и унапреден во началник на Шестата управа, а сега ја доби челната позиција во Бирото, која беше испразнета по скандалот со полицискиот џип на Велковски и превозот во Грција на неговата ќерка и другарките.