Саудиска Арабија го повлекува својот амбасадор во Берлин

Саудиска Арабија одлучи да го отповика својот амбасадор во Берлин поради изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека либанскиот премиер Саад Харири е задржан во Ријад против сопствена волја.

„Официјален Ријад ќе му врачи протестна нота на германскиот амбасадор во кралството, при што ќе изрази незадоволство поради неоснованите обвиненија“, изјави портпарол на саудиското Министерство за надворешни работи.

Претходно, телевизијата „Фјучр, која е сопственост на либанскиот премиер, објави дека Харири полетува од Ријад кон Франција. Медиумот не потврди дали заедно со семејството Харири се и децата. Две од децата живеат со нив во Ријад, а големиот син учи во странство.