Саудиска Арабија во 2018 година ќе ги добие првите киносали

Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат киносали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година.

– Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на киносалите во монархијата – изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад.

Тој додаде дека првите киносали треба да бидат отворени во март 2018 година.

Во Саудиска Арабија кината се забранети од 1980-тите по бран ултраконзерватизам во државата. Западни медиуми јавуваат дека тоа ќе бидат првите кина што ќе се отворат по повеќе од 35 години.