Самсунг добитник на 30 „ЦЕС 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство

Компанијата Самсунг Електроникс, светски лидер за технологија, соопшти дека триесет од нивните нови продуктни иновации се добитници на “ЦЕС 2019“ (CES® 2019) Наградите за Иновации, меѓу кои и две признанија за најдобра иновација. Овој престижен програм ги наградува уредите и услугите кои го претставуваат неверојатниот дизајн и инженерство во најсовремената технологија.

Наградите го акцентираа наследството на Самсунг во развојот на иновативни технолошки решенија што ја промовираат и унапредуваат индустријата. Оваа година, наградуваните иновативни решенија на Самсунг се дел од голем број категории, меѓу кои Визуелен Дисплеј; Фитнес, Спорт и Биотехнологија; Безжични Слушалки и додатоци; Паметен Дом; Биртуелна и Изменета Реалност; Компјутерски Хардвер; Компоненти и Периферни Уреди; Аудио/Видео вградено во возила; Одржливост и Еко-Дизајн.

“Направивме значајна инвестиција во областа на 5Г технолгоијата, Интернетот на Нештата (IoT) и вештачката интелигенција во изминатава година и чест ни претставува да сме признаени по нашата решителна потрага за да им помогнеме на потрошувачите и индустријата да го направат она што не можеа претходно. Горд сум на креативноста на нашиот тим, нивната посветеност и иновативниот пристап кој го имаа за да ги овозможат најдобрите решенија на пазарот.“ – изјави Тим Бакстер (Tim Baxter), Претседател и Извршен Директор на Самсунг Електроникс за Северна Америка.

Дел од наградените продукти на Самсунг се:
Самсунг Галакси Ноут9 (Samsung Galaxy Note9) – Уред кој е веќе одамна препознаен по најсовремените иновации од Самсунг претставени на пазарот. Супер моќниот Галакси Ноут9 е премиум телефон со батерија која овозможува целодневен перформанс. Уредон е достапен на корисниците со низа функционалности, меѓу кои новото “С“ Пенкало со Блутут поврзување, најинтелигентната Самсунг камера досега и до еден терабајт меморија за зачувување податоци. Галакси Ноут9 е доволно моќен за да успее да го “држи“ со вас вашето динамично темпо и да ви биде секојдневна поддршка.