Само Рамос знаел за одлуката на Зидан

Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека за неговата одлука знаел само капитенот Серхио Рамос.

– Од тимот за мојата одлука знаеше само капитенот Серхио Рамос. Тој се однесуваше со почит и беше вистински капитен.

Французинот кажа дека нема намера во блиска иднина да тренира друг клуб.

– Нема да тренирам друг клуб. Си одам со цел во Реал да дојдат нови лица и да донесат свежина, бидејќи тимот почна да заостанува во развојот. Ќе беше тешко да го водам со успех тимот и следната сезона. Сакав да се разделам победнички, објасни Зидан.