Салонки на сезоната: Моделот „Ромни“ на „Џими Чу“

САД- „Џими Чу“ или „Маноло Бланик“ ? Кои луксузни чевли избираат холивудските ѕвезди или богаташките? Тоа е како да избираат меѓу своите деца, а тоа е невозможна модна мисија!

Моделот „Ромни“ на брендот „Џими Чу“ е меѓу најбараните од Њујорк, Лондон до Дубаи. Не избира професија. Го носат и принцези, и актерки и наследнички и први дами. Удобни се, класични, отмени, за секој гала настан, или појавување пред ТВ.

Војвотката од Кембриџ се колне во нив, како и експрвата дама на САД Мишел Обама, и ѕвездите Леди Гага, Кристен Бел, Кјара Најтли..

Ги има во разни бои од црна до беж.