Салвини: Помош за мигрантите, но не на италијанско тло

Министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини денеска изјави дека на мигрантите, кои вчера беа спасени на отворено море, може да им биде пружена помош, но дека „нема да стапнат на италијанско тло“.

Тој појасни дека на мигрантите може да им биде дадена медицинска помош на брод, како и помош во храна и облека, но не на италијанска територија.

Мигрантите од Либија, кои се упатиле кон островот Лампедуза, вчера беа спасени од италијанска хуманитарна група.