Салах фудбалер на годината во Премиер лигата

Мохамед Салах е добитник на наградата за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната 2017/18. Играчот на Ливерпул победи во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.

Египетскиот интернационалец игра одлична сезона со постигнати 31 гол во Премиер лигата и вкупно 41 во сите натпреварувања во „црвениот “ дрес.

Салах го изедначи рекордот (31) кога сезоната во Премиер лигата траела 38 рудни, додека само три погодоци го делат од рекордот (34) кога се играле 42 рунди