Саем на венчавки од 23 до 25 февруари во Скопје


Традиционалниот Саем за венчавки годинава ќе се одржува од 23 до 25 февруари во скопскиот хотел „Александар Палас“, со тема „Во светот на Дизни принцезите“.

Во  стилот на Дизниевите бајки ќе биде направена пистата на отворањето на Саемот на 23 февруари, на која ќе дефилираат македонски познати личности, облечени во венчаници и костуми направени од познати домашни дизајнери. На саемот ќе изложуваат и педесетина учесници од сите категории потребни за организација на венчавка.

Водителка на настанот е Александар Велинова, која годинава е заштитно лице на саемот на венчавки. Организатор, како и секоја година е интернет магазинот „Во бело“. Настанот се одржува по осми пат.