САД, Канада, Мексико и Мароко се пријавиле за домаќини на фудбалскиот мундијал во 2026 година

Во ФИФА пристигнале две целосни кандидатури за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година, соопштија од Светската куќа на фудбалот.

Заедничка организација пријавиле САД, Канада и Мексико, а самостоен домаќин сака да биде Мароко.

Домаќинот на СП 2026 ќе биде познат на Конгресот на ФИФА закажан за 13 јуни во Москва, еден ден пред почетокот на СП 2018.

Мароко пријавил 12 стадиони на кои би се играле натпреварите од Мундијалот, додека трите држави кои имаат заедничка кандидатура пријавиле 23 града потенцијални домаќини.