САД имаат најголем економски раст во последниве четири години

Американскиот економски раст достигна 4,1 проценти во вториот квартал од годината, што е најдобар резултат во изминатите четири години.

Зборувајќи на митинг во Гранит Сити, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека економскиот раст ќе продолжи да се засилува и дека ќе бидат достигнати ветените пет проценти раст годишно.

Се смета дека главниот двигател на растот е намалувањето на даноците што го усвои Конгресот на САД.

Заедно со солидниот економски раст, САД забележаа и добри бројки на полето на вработеноста.

Трамп најави прес-конференција во текот на денот, а неговите поддржувачи веднаш направија споредби со скромниот економски раст во мандатот на претседателот Барак Обама