САД: Грипот се шири побрзо од лани

Грипот се шири подалеку и побрзо отколку минатата година, објави Центарот за за контрола и превенција на болести на САД.

Соединетите Американски Држави веќе се пред епидемија. Грипот е раширен во седум држави: Арканзас, Џорџија, Луизијана, Масачусетс, Мисисипи, Оклахома и Вирџинија. Во истото време минатата година, вирусот го немаше во ниту една од овие држави.

„Ројтерс“ објави дека инфлуенцата веќе убила седум деца оваа сезона, и најмалку 95 деца во сезоната 2016-2017 година. Најмалку три четвртини од децата што починале од грип помеѓу 2010 и 2014 година не биле вакцинирани пред да се разболат.