Рускиот патријарх во посета на Тирана

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил денеска ќе допатува во тридневна посета на Албанија.

Поради посетата преземени се засилени безбедносни мерки од страна на Министертвото за внатрешни работи и албанската тајна служба (ШИШ), а за неговата безбедност ќе се грижи и руско обезбедување, кое е секогаш во придружба на патријархот.

– Оваа, прва историска посета е од посебна важност бидејќи и двете цркви преживеаја жестоко комунистичко-атеистичко прогонство. Рускиот патријарх е многу значајна личност, која се вбројува на исто ниво со светските лидери и верски поглавари, како што е папата и вселенскиот патријарх, констатираат албанските медиуми.

Посетата е на покана на Албанската афтокефална православна црква, чиј поглавар Анастас Јанулатос посетата ја оценува како историска.

Според протоколот што го објави Албанската автокефална првославна црква, рускиот партијарх на својата прва посета на Албанија, покрај средбите и верските активности во Берат и Тирана, ќе има средби и со албанскиот државен врв, претседателот Илир Мета и премиерот на Албанија Еди Рама.

Поглаварот на ААПЦ, Анастас во посета на Руската православна црква беше во 1999 година, а двајцата великодостојници ги врзува пет децениско пријателство.