Русија ќе прогласи медиуми за „странски агенти“

МОСКВА – Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, донесе денеска измени на законот со кои ќе се овозможи означување на медиумите што се финансираат од странство со статус “странски агенти”, пренесува ТАСС.

Агенцијата пренесува дека овие медиуми ќе бидат изложени на ограничувања и од нив ќе бидат барани одредени обврски, кои сега се однесуваат на невладини организации (НВО) кои се означени како странски агенти.