Русија упати 14 прашања до Велика Британија, а 10 до Франција за Скрипал

Руското Министерство за надворешни работи упати до Велика Британија 14, а до Франција 10 прашања во врска со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, за кои Москва бара одговор.

Прашањата се фокусирани на вклучувањето на француски истражувачи во истрагата за труењето, а Москва се интересира врз која основа Франција е вклучена и кое ниво на експертиза го има.

Москва бара од Велика Британија да одговори дали нервниот агенс „новичок“ некогаш се произведувал на територијата на земјата, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

ТАСС јави дека, 14-те прашања за Лондон се однесуваат на нервниот агенс „новичок“, односно дали некогаш таков агенс е развиван на територијата на Велика Британија.

Русија исто така бара објаснување како Велика Британија дошла до заклучок дека нервниот агенс со кој е отруен Скрипал потекнува од Русија.