Русија: Повлекувањето на САД е добро за политичко решение во Сирија

Одлуката на САД да ги повлечат своите војници од Сирија создава добра перспектива за политичко решавање на кризата во таа земја, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

Руското МНР, исто така, оцени дека иницијативата за формирање сириски уставен комитет има „светла иднина“, заедно со повлекувањето на американската војска.

Пентагон соопшти претходно денеска дека започнал процес за враќање на американските трупи од Сирија, а САД започнале транзиција во следната фаза од кампањата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека САД ќе ја повлечат својата војска од Сирија, додавајќи дека Исламска држава е поразена во таа земја.