Руни: Фудбалерите на Јунајтед се зад Мурињо, но треба да играат малку подобро

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и легенда на клубот, Вејн Руни не смета дека играчите на тимот се против менаџерот Жозе Мурињо, инсистирајќи на тоа дека тие треба да покажат добра игра и да се вратат во челото на табелата во Премиер лигата.

– Очигледно минуваат низ тежок период во моментов, но Жозе Мурињо е многу искусен и сметам дека некои играчи треба да играат малку подобро. Се надевам дека ќе ја подобрат нивната форма, ќе освојат повеќе натпревари, ќе извршат притисок врз најдобрите тимови и ќе се вратат кај нив, каде што сите ние сакаме да ги гледаме, изјави Руни.

Тој истакна и дека никогаш не видел или слушнал играч да не сака да игра во натпревар, бидејќи се скарал со менаџерот.

– Не мислам дека можете да го направите тоа како играч. Треба да го почитувате клубот и навивачите, како и вашите соиграчи. Не мислам дека некој фудбалер во Манчестер Јунајтед не би играл за Жозе. Сигурен сум дека зад сцената сите работат напорно за да се постигнат резултати, изјави Руни за „Би-Би-Си Спорт“.