Ружин: Средбата во Виена една од решавачките

Поранешниот амбасадор, Нано Ружин смета дека денешната средба во Виена е една од решавачките. Ружин е оптимист дека министрите за надворешни работи на Македонија и Грција ќе се договарат и ќе најдат заедничко решение кое, како што вели, ќе одговара на двете страни.

“На оваа средба ќе се понудаат неколку алтернативи од нивна и од наша страна од кои треба да се најде заедничко решение. Мислам дека ќе се договорат и мислам дека тоа ќе биде добро за сите граѓани и за Македонија пред се. Постои  оптимизам што не е прикриен. Европската Унија комуницира со двете страни. Нормално дипломатските преговори имаат и тактики, и намерни пуштања на одредени вести за да се избутка нешто што другата страна потешко го прифаќа, но треба да сме оптимисти од повеќе причини. Треба да се гледа големата слика, а тоа е дека и  на Грција и на Македонија им одговара ова прашање да се заврши, како и на меѓународната зедница. Затоа треба да бидеме оптимисти, дури и да има одредени затегања, дури и нешто да не се исполни во рок за 2-3 недели. Јас сум убеден дека до крајот на оваа година ќе се заврши проблемот”, истакна, Ружин.(Арменд Мурсели)