Рохо во Манчестер Јунајтед до 2021 година

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо го продолжи договорот до 2021 година, објави клубот од „Олд Трафорд“.

Аргентинецот, кој е надвор од теренот поради повреда повеќе од еден месец, има можност да остане една сезона по истекот на актуелниот договор со Манчестер.

Овој 27-годишен дефанзивец, три и пол години е член на клубот „Олд Трафорд“ од неговото пристигнување од Спортинг Лисабон, а за тоа време освои ФА Куп, Лига Куп, Лига Европа и Комјунити шилд.

Претходно играше за Спартак Москва и Естудијантес, додека за репрезентацијата има 54 натпревари и два гола.