Рохани: САД се изолирани во судирите со Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД се изолирани од нивните традиционални сојузници во судирите со Иран. Toj истакнa дека дури и Европа застанала покрај Техеран против повторно воведување на американски санкции.

„Не се случува често САД да донесат одлука и нивните традиционални сојузници да ја отфрлат“, нагласи Рохани, додавајќи дека пред само една година никој не би верувал дека Европа ќе застане на страната на Иран, односно против САД.

„Русија, Кина, Индија и Европската Унија и некои африкански и латиноамерикански земји се наши пријатели. Мораме да соработуваме со нив и да привлечеме инвестиции“, заклучи иранскиот  претседател.