Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името

Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки.

Рот, кој учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави:

-Повторно се сретнавме денеска со македонскиот министер Димитров. Благодарни сме за постојаните преговори помеѓу Грција и ПЈРМ. Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да нашите принципи бидат земени предвид. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови.