Росица Mршиќ со нова колекција слави 8 години како моден креатор

Модната креаторка Росица Мршиќ за чии ревии се бара покана повеќе, вечерва, во своето студио во Скопје, со нова модна колекција “Мјуз“ за есен/зима 2017 слави 8 години на македонската модна сцена. Претставувањето на безвременските модни парчиња што се носат од утро до вечер, не е во форма на модна ревија туку откривање на колекцијата со пијалок и дружење на избраните гости.

Американската фотографка и манекенка Ли Милер, која восхитува   со   храброст,   слободен   дух   и   креативност е муза   на Мршиќ за создавање на оваа колекција во која нема артистичка леснотија, туку длабоко разработени кроеви со чисти и строги линии што го истакнуваат изгледот и интензитетот на облеката. Едноставни кроеви се во основата  на колекцијата, но тие се дополнети со плисирани и рачно изработени детаљи. Топлите зелени тонови се употребени за надградување и се   преплетуваат со основната  црна и контрасната бела боја. Еколошките крзна во централно користените бои во колекцијата го нагласуваат зимскиот карактер на парчињата, а брокатот и други декорирани ткаенини се употребени за да се овозможи   комбинација на парчињата за постигнување  вечерен изглед. Колекцијата е наменета   за   продажба на домашниот и странскиот пазар. (Л.С.)