Роналдо не се помирува: Овие трофеи не можете да ги украдете

Португалците никако не можат да се помират што Кристијано Роналдо не е најдобар играч на светот. Селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош смета дека во изборот на Лука Модриќ има нешто чудно, а музејот посветен на Роналдо отиде чекор подалеку.

„Овие троефи не можете да ги украдете, тука е нашиот аларм“, стои во објавата на „Инстаграм“.

Голем број од фановите се разлутија што дополнително разгорува оган.

„Бетер од дете си, порасни“, му вели еден од нив,

Роналдо не се појави на доделувањето на наградата на ФИФА во Лондон, исто како и кога УЕФА го одбра најдониот фудбалер. Двете награди отидоа во рацете на Модриќ, кој со години му го чуваше грбот на Португалецот во Реал Мадрид.