Роналдо: Не разбирам зошто се бунат за пеналот

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид и стрелец на одлучувачкиот гол на синоќешниот реванш четвртфинален дуел со Јувентус во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, е убеден дека одлуката на судијата да досуди пенал е правилна.

– Не разбирам зошто толку многу протестираа околу пеналот. Ако Лукас не беше фаулиран ќе постигнеш гол. Го удрија одзади и нема дилема, чист пенал, рече Роналдо.

Реал Мадрид со тој гол го ублажи поразот (1:3) и обезбеди полуфинале во ЛШ поради победата на првиот меч со 3:0.