Роналдо му донесе голема победа на Реал Мадрид во Торино

Реал Мадрид со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Јувентус, во првиот 1/4-финален дуел во најпрестижниот европски клупски турнир.

Кристијано Роналдо му донесе предност на својот тим во третата минута по асистенција на Иско. Во 64-тата минута, Португалецот го направи резултатот 0:2 со вистинско ремек дело – маестрални ножички. Во 72-та минута, Марсело Марсело постигна гол за конечни 3-0.

На средбата во Шпанија, Баерн со пресврт славеше со 2-1 над Севилја. Тимот на Монтела поведе по половина час игра преку Сарабија, но германскиот шампион брзо го возврати ударот, па во 37 минута со автоголот на Навас израмни на 1-1.
Во 68. минута Алкантара со глава постигна гол за комплетен пресврт и победа на Баерн Минхен од 2-1.