Роналдо: Зборовите на Перез никогаш не доаѓаа од неговото срце

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо во интервју за „Франс фудбал“ се наврати кон својот период поминат во Реал Мадрид, при што не ја криеше својата огорченост од шефот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.
– Она што ми го кажуваше Флорентино, никогаш не доаѓаше директно од неговото срце. Нашите разговори отсекогаш биле поврзани со преговорите за некои договори. Тој разговараше со мене само кога му бев неопходен. Имав одлични моменти во Мадрид и постигнав неверојатни работи, заедно со моите големи колеги. Секогаш ќе се сеќавам на овие моменти. Во моето срце остануваат и навивачите на тимот. Но мислам дека по девет години таму мораше да ја сменам средината, изјави Португалецот.
Роналдо мина девет години во Мадрид, освојувајќи го четири пати трофејот во Лигата на шампионите, четири пати „Златната топка“ и реализираше 450 гола за тимот. Ова лето, Роналдо одлучи да го напушти Реал поради неговите даночни истраги и неговите несогласувања со Перез.
Во врска со церемонијата за доделување на „Златната топка“, Роналдо изјави дека „никогаш не бил опседнат со оваа награда“.
– Јас сум веќе еден од најголемите во историјата, но сепак мислам дека ја заслужувам, додаде тој.