Роналдо е новиот крал на „Инстаграм“

Италија- Кристиано Роналдо продолжува да руши рекорди, но и надвор од фудбалските терени. Овој пат Португалецот стана апсолутен „крал“ на Инстаграм со 144.4 милиони следбеници.

Роналдо на врвот ја помина пејачката Селена Гомез која има 144 милиони следбеници.

Роналдо е навистина активен на социјалните мрежи и скоро секојдневно поставува фотографии од тренинзи и натпревари. Актуелен е со обвинението за сексуално вознемирување, по кое почна да ги губи спонзорите.