Роналдињо ќе се кандидира за сенатор во Бразил


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо ќе се бори да влезе во Сенатот во родниот Бразил идната година.

Поранешниот репрезентативец на Бразил и фудбалер на Барселона и на Милан, добитник на Златна копачка, играчката кариера ја заврши во 2015 година.

Роналдињо (37) ќе се кандидира од Социјалната христијанска партија за место во Сенатот на државата Минас Жераис.

Лидерот на партијата Жаир Болсонаро се смета за контроверзна личност поради своите ставови за истополните бракови, смртната казна и воената политика, а себеси се спореди со американскиот претседател Доналд Трамп.