Рома ја исфрли Барселона од ЛШ!

Рома приреди вистинска сензација на Олимпико откако со 3-0 ја победи Барселона и ја елиминираше од Лигата на шампионите.

Екипата од Шпанија допатува во Рим со висок резултат од 4-1, но римскиот тим успе да ја анулира негативата од три гола.

Рома поведе во 6. минута преку Џеко, a во 58. минута Де Роси од пенал погоди за водство од 2-0. Шок за Каталонците приреди Манолас, кој во 82. минута постигна гол за победа од 3-0 и едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.

Во другиот натпревар вечерва, Ливерпул го доврши она што го започна дома и повторно славеше со 1-2 против Манчестер Сити.