Рома се дистанцираше од насилните навивачи

Двајца навивачи на Рома се уапсени во Ливерпул под обвинение за обид за убиство, а италијанскиот клуб денеска се дистанцираше од нив. Тие вчера пред натпреварот од Лигата на шампионите критично претепаа навивач на Ливерпул.

–  Најостро го осудуваме однесувањето на мал број навивачи кои допатуваа во Ливерпул и го посрамотија клубот и останатите навивачи на Рома кои се однесуваа спортски на „Енфилд“. За ваквото однесување и за судирите со другите навивачи нема оправдување. Клубот ќе соработува со Ливерпул, УЕФА и надлежните органи на власта за овој случај. Нашите мисли се со повредениот навивач на Ливерпул и неговото семејство, наведуваат од Рома.

Навивачот на Ливерпул е хоспитализиран со тешки повреди и се уште се наоѓа во критична состојба.