Рома постигна договор со Ајакс за Џастин Клајверт

Фудбалскиот клуб Рома постигна договор со холандски Ајакс за трансферот на фудбалерот Џастин Клајверт, објавија италијанските медиуми.

Рома ќе му плати 18 милиони евра на Ајакс за неговиот трансфер, а 19-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Клајверт имаше одлична сезона, при што одигра 44 натпревари на кои постигна 12 голови и девет асистенции.

За Џастин, кој инаку е син на легендарниот холандски фудбалер Патрик Клајверт, интерес пројавија повеќе големи европски клубови меѓу кои и Челзи и Манчестер јунајтед