Романскиот министер за одбрана поднесе оставка

Романскиот министер за национална одбрана Михај Фифор денеска поднесе оставка на функцијата, со цел, како што најави, да може повеќе да се посвети на работата во рамки на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).

– Направив сериозна анализа. Видов што се случува последниве месеци и решив дека се посветам на работата во партијата. Сметам дека треба да се зајакне партискиот тим, за да можеме да подготвиме извонредно важни проекти, истакна Фифор пред денешната седница на Извршниот комитет на ПСД.

Тој нагласи дека побарал од премиерот и лидер на ПСД, Ливиу Драганеа да му дозволи да поднесе оставка и да се зафати „со многу сериозна работа во партијата“.

Главна тема на денешната седница на Извршниот комитет на ПСД е планот за реконструкција на Владата на Драгнеа.