Романската Влада го „преживеа“ гласањето недоверба

Левоцентристичката Влада на Романија денеска го „преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, јави Аџерпрес.

Три опозициски партии поднесоа иницијатива за гласање недоверба на владата на Виорика Данчила,  насловена „Доста! Владата Драгнеа-Данчила – срам за Романија!”.

Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија  Даниел Сучу рече дека гласањето за недоверба било поддржано од 161 пратеник, а за иницијативата за недоверба да успее, неопходни беа 233 гласа.