Родено „џиновско“ бебе

Мајката што роди бебе со тежина што руши рекорди вели дека искуството е како да те удриле два камиони.
Џои Бакли, која не можела да оди со денови, откако поминала низ „насилно“ породување, си замина од болница со нејзината ќерка Харпер, која се роди минатиот вторник и тежеше 7 килограми и 300 грама.
Бебето, кое тежи како да е шест месеци старо и има многу коса, е најголемо бебе родено во Медицинскиот центар во Елмира, во Њу Јорк.
„Знаев дека ќе биде голема, но не очекував бебе од седум килограми“, вели мајката за WETM.
„Се чувствував како да сум удрена од две тракторски приколки“, додава Џои.
Породувањето го извршиле тројца доктори, кои употребиле вакуум, па потоа и царски рез да ја донесат на свет Харпер, јави New York Post .