Роберт де Ниро го прослави 75 роденден на плажа

САД-Легендарниот Оскаровец , Роберт де Ниро го прослави 75 роденден на плажа, заедно со 63 годишната сопруга Грејс Хајтауер , која изгледа одлично. Брачната двојка го привлече вниманието на плажата во Санта Моника, Калифорнија. Папараците ги фотографирале додека се бањаат во морето , а потоа и како се релаксираат на плажа.

Де Ниро изгледаше опуштено , со подолга коса и брада , но покажа дека е во одлична форма со оглед дека е во осмата деценија од животот.

Неговата сопруга Грејс ги собра сите комплименти . Убаво облечена , иако на плажа со костим за капење и марама , секако и во одлична форма и фигура на која може да и позавидат и далеку помлади жени.

Де Ниро и Грејс се запознале во 1987 во Лондон . Се венчале десет години подоцна , но по две години , откако им се родил синот Елиот , се развеле. Сепак , никогаш и законски не биле разведени , така што сега се заедно и имаат , освен 20 годишниот син Елиот и 6 годишна ќерка Хелен Грејс.

Покрај нив Де Ниро има уште четири деца од двете претходни сопруги.