Рита Ора и Бебе Реџа: Бакнеж за награда

САД– На доделувањето на  наградите  “MTV VMA”, синоќа во Њујорк, освен жешкиот настап на Џенифер Лопез, црвениот килим со сексапилните поп-ѕвезди и старлети, внимание предизвика и бакнежот на пејачките Рита Ора која живее во Англија и Бебе Реџа која работи во САД.

Колешките пред да излезат на сцената, по црвениот килим прошетале “рака за рака” и се бакнале пред собраните фотографи и сниматели.

Рита е родена во Приштина и порасната во Лондон, додека Бебе е од Њујорк. Родителите на Бебе се Албанци од Македонија, а познатите поп-ѕвезди често се фалат и поддржуваат меѓусебно.Порано оваа година снимиле и дует.