Ристовски: Да го засилиме карактерот на националниот тим

Македонската фудбалска репрезентација од синоќа е комплетната во турското туристичко гратче Белек, а еден од последните кои се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски, e Стефан Ристовски.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон очекува преку двете контролни средби да се оформи тимот што за неколку месеци го очекува почетокот на натпреварите во Лигата на Нации.

„Важно е да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан“, изјави Ристовски.

Македонија игра со Финска на 23 март, а со Азербејџан четири дена подоцна.