Рисимкин на Конгрес за истражувања во областа на танцот во Братислава

Кореографката Рисима Рисимкин денеска и утре ќе учествува на четвртиот Конгрес за истражувања во областа на танцот во Братислава, организиран од Академијата за изведувачки уметности во словачкиот главен град.
Тема на конгресот е „Улогата на традицијата во иновативните процеси на едукацијата во областа на танцот“, а ќе учествуваат професори од областа на танцовата уметност од Словачка, Австрија, Литванија, Унгарија, Полска.

Рисимкин со својот труд „Теорија, пракса и практики – Методологии во процесот на едукација и состојбите во Македонија“ ќе го промовира македонскиот модел во обалста на едукацијата во современиот танц, како и состојбите на современата танцова сцена кај нас.

Во јуни годинава во Братислава се одржа првиот фестивал „Share“, на кој се претставија девет европски танцови академии и универзитети. Второто издание на фестивалот „Share“ во 2018 ќе се одржи на Танц фест во Македонија.