Рики Мартин тајно се венча со уметникот Џуан Јосеф

САД- Латино- ѕвездата Рики Мартин ја соопшти веста дека се венчал со уметникот Џуан Јосеф со кој е во врска 2 години.

„Јас сум сопруг, а ќе направиме луда забава за неколку месеци, ќе ве известам. Разменивме заклетви и се заколнавме на сѐ, ги потпишавме сите документи кои беа потребни, предбрачни договори и сѐ останато. Чувството е прекрасно! Не можам да го претставувам како вереник. Не можам. Тој е мојот сопруг. Тој е мојот човек.“ – изјавил популарниот пејач за „Е Online“.

Рики и Џуан имаат две деца, 9-годишните близнаци Матео и Валентино, а очигледно сакаат и да го прошират семејството, со оглед на тоа што пејачот го има изјавено:

„Сакам уште 4 пара близнаци. Би обожавал да имам големо семејство, но многу работи се случуваат моментално, многу работа, свадба. Па затоа ќе средиме прво некои работи, а потоа ќе се подготвиме за повеќе деца.“