Рикардо Мути ќе диригира на традиционалниот Новогодишен концерт во Виена
АВСТРИЈА- Диригент на традиционалниот виенски Новогодишен концерт ќе биде италијанскиот маестро Рикардо Мути, соопштија денеска организаторите.
Виенските филхармоничари подготвуваат посебна програм со богат репертоар на династијата Штраус и нејзините современици, а концертот се пренесува во 90 земји и го следат над 50 милиони тв гледачи.
Мути, кој по петти пат ќе диригира на виенскиот Новогодишен концерт, диригираше со најпознатите светски оркестри, како што се Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар на баварското радио, Њујоршката филхармонија и Францускиот државен оркестар.
Мути диригираше со виенскиот Новогодишен концерт во 1993, 1997, 2000 и 2004 година.