Референдум ќе има, уставен ја отфрли иницијативата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.

За отфрлање на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца, Елена Гошева и Јован Јосифовски.