Ресенчанец измамил српски државјанин за 2.000 евра


Српски државјанин вчера во Полициската станица Ресен пријавил дека е измамен од ресенчанецот У.А, од кој требало да откупи јаболка.

Ксако што соопшти МВР, пријавителот В.Ш. (40) од Ческовац, заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со ресенчанецот, по што заедно заминале за с.Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во неговата канцеларија.

– Во канцеларијата У.А. им побарал 2.000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.